Murat Özgür Güvendik
08 Март 2024•Ажурирај: 10 Март 2024
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Дефект предизвикан од прекинот на електричната енергија во Јужноафриканската Република предизвика Јоханесбург, најголемиот град во земјата, со денови да биде без вода, известува Анадолу.
Градот, со популација од околу 6 милиони, претставува трговски и финансиски центар на земјата и на регионот.
Во соопштението на Управата за водоснабдување на Јоханесбург се вели дека прекините на вода се предизвикани од дефект на пумпите за вода во резерватот Рандбург што настанале поради прекин на струјата.
Отстранувањето на дефектот би можело да потрае уште неколку дена, а се забележува дека населението низ градот го опслужуваат 27 цистерни за вода.