Ayhan Şimşek
06 Октомври 2026•Ажурирано: 06 Октомври 2026
Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба Август Ханинг е приведен под сомнение за шпионажа и велепредавство, објавија повеќе медиуми, во случај што би можел да прерасне во еден од најголемите шпионски скандали во Германија, пренесува Анадолу.
Весникот „Билд“ и „Зидојче цајтунг“ денес објавија дека федералните обвинители го истражуваат Ханинг, кој ја предводеше Федералната разузнавачка служба (БНД) од 1998 до 2005 година, како и уште едно осомничено лице.
Според „Билд“, сомнежите опфаќаат прибавување државни тајни, велепредавство и шпионажа во корист на странска сила. Весникот наведува дека Ханинг му платил на поранешен член на раководниот кадар на БНД за доверливи информации и наводно „планирал повторно да ги продаде“ во рамки на својата консултантска работа.
„Зидојче цајтунг“ објави дека Ханинг добивал тајни материјали од службата, години откако ја напуштил функцијата, преку неговиот поранешен директор на Кабинетот.
Истражителите проверуваат дали тој ги проследувал тие тајни до странски сили, објави весникот.
Весникот го опиша случајот како потенцијално една од најголемите шпионски афери во историјата на Сојузна Република Германија.