Gülşen Topçu
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
АЛЖИР (АА) - Привремениот претседател на Алжир, Абдулкадир бин Салих, ги повика политичките сили и граѓанските организации да го поддржат процесот на национален дијалог за да се надмине кризата во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во својата порака по повод Алжирскиот национален ден на борците (20 август), Бин Салих го повтори повикот за национален дијалог во Алжир во кој нема да биде исклучена ниту една група, со цел поскоро одржување на претседателските избори.
Наведувајќи дека дијалогот е добро прифатен од јавноста, Бин Салих истакна дека претседателските избори не се само неопходност, туку и итно решение што ќе овозможи земјата да функционира преку уставните институции.
Во овој контекст, Бин Салих ги повика политичките сили, граѓанските организации и лицата патриоти да подготват средина за започнување на дијалогот, како и нивна поддршка на процесот за дијалог.
Алжирскиот привремен претседател Абдулкадир бин Салих повика на формирање на алжирскиот Национален комитет за дијалог кој ќе врши надзор на дијалогот меѓу граѓанското општество и владата за одржување на избори во земјата.