Vesna Besic
30 Мај 2023•Ажурирај: 01 Јуни 2023
ЊУЈОРК (АА) - Жителите на Њујорк уживаа во спектакуларните глетки на Менхетенхенџ, редок феномен во кој сонцето заоѓа точно во склад со главните улици на Менхетен, јавува Анадолу.
Менхетенхенџ се случува четири пати годишно, но секој пат кога ги воодушевува Њујорчаните и туристите кои уживаат во романтичното зајдисонце кое се спушта по улиците кои се прецизно позиционирани во правец исток-запад.

Терминот Менхетенхенџ беше популаризиран од Нил де Грас Тајсон, Њујорчанец и астрофизичар во Американскиот музеј за национална историја.
Со оглед на тоа што овие феномени се случуваат во еднакви временски периоди околу летната краткоденица, Тајсон го дал името во споредба со англискиот Стоунхенџ, кој исто така бил поставен така што за време на летната краткоденица сонцето изгревало и заоѓало низ центарот на овие праисториски структури.
