Beyza Binnur Dönmez
01 Декември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Швајцарија ги замрзна руските финансиски средства во вредност од 7,5 милијарди швајцарски франци (7,9 милијарди долари) заклучно со 25 ноември, соопштија властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), 15 имоти „држани од санкционирани физички лица, компании и субјекти“ се, исто така, блокирани во шест швајцарски кантони.
Последната бројка покажува благ пораст од 7,09 милијарди долари пријавени во јули.
СЕКО соопшти дека е известен за санкционирани или несанкционирани средства во сопственост на Русија во Швајцарија во вредност од 46,1 милијарда швајцарски франци (48,8 милијарди долари), заклучно со 3 јуни.
Во соопштението се појаснува дека Русите, кои, исто така, имаат државјанство или дозволи за престој за Швајцарија или некоја држава од Европската економска зона „се ослободени од забраната за депонирање нови средства, како и од барањето за известување“.
Депозитите под лимитот од 100.000 швајцарски франци (околу 105.800 долари) се, исто така, ослободени од известување.
„Нивото на пријавени депозити, кое надминува 46,1 милијарда швајцарски франци, не може да се изедначи со вкупниот износ на средства од руско потекло што се чуваат во Швајцарија“, се вели во соопштението на СЕКО.