Barış Seçkin
01 Октомври 2022•Ажурирај: 02 Октомври 2022
РИМ (АА) – Италијанската енергетска компанија ЕНИ соопшти дека дотокот на гас од руската енергетска компанија Гаспром од денеска е прекинат, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Гаспром наведе дека не може да ја испорача бараната количина гас за денеска. Наведе дека протокот на гас низ Австрија не е можен. Затоа, руското снабдување на ЕНИ преку влезната точка во Тарвизио денеска ќе биде 0“, се истакнува во соопштението.
Во разговор за италијанската агенција АНСА на оваа тема, неименуван претставник на ЕНИ рече дека од денес Гаспром не може да обезбеди проток на гас до ЕНИ и наведе дека Австрија се снабдува со гас преку Словачка. Додаде дека се во контакт со Гаспром за враќање на протокот на гас.
Италијанските медиуми јавуваат дека протокот на гас од Русија во Италија во моментов е помалку од десет отсто во однос на вкупното снабдување со гас, и дека прекинот на преносната точка во Тарвизио нема да предизвика голема промена на ситуацијата.
По почетокот на војната на Русија во Украина, Италија настојуваше да го диверзифицира снабдувањето со гас. Италија го зголеми купувањето на гас со земји како Алжир и Ангола, а ја смали зависноста од рускиот гас од 40 на 25 отсто од јули.