Mustafa Deveci
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
ХАРКОВ (АА) - Во нападот на руските сили врз Харков, вториот по големина град во Украина, една жена го загуби животот, а една куќа целосно е изгорена, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Харков, Ихор Терекхов, на својот профил на социјалните мрежи истакна дека руските сили синоќа извршиле ракетен напад врз градот.
Информирајќи дека еден од проектилите погодил куќа и од експлозијата животот го загубила една жена, Терекхов истакна дека во друга куќа во регион избувнал пожар од шрапнели на експлодираните ракети.
Во дворот на куќата каде паднала една од проектилите настанала голема дупка, а оштетени се и неколку околни куќи.

Витали Владимирович, чија куќа изгоре од шрапнелите на експлодираните ракети, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека синоќа се разбудил од звукот на експлозија.
Истакнувајќи дека од експлозијата се скршени стаклата во неговата куќа, Владимирович рече дека во моментот на експлозијата бил сам во куќата.
Владимирович раскажа дека синот го загубил за време на настаните во Украина во 2014 година, кога прозападната влада ја смени проруската влада и тоа резултираше со револуција.
Раскажувајќи дека претходно во нападот на руските сили ја загубил куќата во Чугујев, кај Харков, Владимирович рече дека не знае каде да оди бидејќи и оваа куќа му е изгорена.