Aykut Karadağ
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека уште 6 бродови испловиле од Украина во рамките на испораката на жито, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Испораката на жито продолжува според планираното. Денеска од украинските пристаништа испловија уште 6 бродови“, се истакнува во соопштението на турското Министерство.
Со посредство на Туркије, Обединетите нации (ОН) и Русија, на 22 јули во Истанбул е потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.
Центарот во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на трите држави и ОН.