Ömer Faruk Yıldız
02 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Се тврди дека соборената шефица на дипломатија и де факто политичка лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чу и поранешниот претседател Вин Минт, кои беа приведени по воениот удар во Мјанмар, се однесени на „непознато место“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владата на националното единство (NUG), формирана на 16 април против Воената влада и позната како „граѓанска влада“, во писмената изјава ја изрази својата загриженост за состојбата на Су Чи и Минт.
„Според информациите што ги добивме од сигурни извори, Аунг Сан Су Чу и Вин Минт се однесени на непозната локација“, се вели во соопштението на Владата на националното единство (NUG).
Аунг Сан Су Чу и Вин Минт, кои беа приведени на 1 февруари, од минатиот месец се во домашен притвор.
Поради безбедносни причини не им беше дозволено да се состанат со своите адвокати.
На Су Чу за првпат ѝ беше дозволено да се сретне со своите адвокати на нејзиното рочиште на 24 мај кога се појави пред судијата во воената судница во Јангон.
Су Чи, поранешната де факто лидерка на Мјанмар и министерка за надворешни работи, на претходните рочишта беше обвинета за кршење на законите за увоз и извоз на земјата, за непочитување на националните закони за управување со катастрофи, за прекршување на Законот за државни тајни и за примање мито.
Поранешниот претседател Минт, во Воениот суд каде што му се судеше, беше обвинет за кршење на мерките за Ковид-19.
- Воен удар во Мјанмар -
Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).
Додека во земјата се одржуваат демонстрациите што започнаа на 6 февруари со барање за враќање на демократијата во земјата, продолжува судењето на приведените високи државни функционери пред Воениот суд.