Fatih Hafız Mehmet
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Шефот на воениот сојуз НАТО денеска ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференцијата со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев, која што беше пренесувана во живо на веб-страницата на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег, изјави дека дискутирале за безбедносната ситуација во источна Украина.
„Русија мора да стави крај на својата поддршка за милитантите во источна Украина и да ги повлече своите сили и опрема од украинската територија“, нагласи тој.
Столтенберг изјави дека НАТО целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Зеленски му се заблагодари на Столтенберг за поддршката на НАТО.
„Подготвени сме да соработуваме поблиску за да ја забрзаме нашата подготовка за членство во НАТО“, изјави тој.
Русија и Украина не се во добри односи од 2014 година, кога Русија го анектираше Кримскиот Полуостров на Украина по контроверзниот референдум.
Генералното собрание на ОН и Турција го сметаат анектирањето за нелегално.
Украина, исто така го обвинува Кремљ за сепаратистичко насилство во Донбас, источна Украина, во близина на границата со Русија.
Според податоците на Обединетите нации (ОН) во конфликтот загинале околу 13.000 лица од кои четвртина се цивили, а дури 30.000 се повредени.