Muhammet Nazım Taşçı
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Територијата на Џаму и Кашмир, чиј специјален статус на 5 август беше укинат од страна на индиската Влада на Нарендра Моди, денес официјално ќе биде поделена на два дела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите што ги објавија локалните индиски медиуми, во врска со регулативата за новото реконструирање на Џаму и Кашмир донесена на 5 август од страна на индиската Влада, државата е именувана како Џаму и Кашмир и Унија Ладак.
Владата го именуваше Гириш Чандра Мурму за гувернер на Џаму и Кашмир, додека Радха Кришна Матхур е именуван за гувернер на Ладак.
Соопштено е дека од почетокот на ноември службениците експерти кои се на должност на заедничката територија на Делхи, Гоа, Аруначал Прадеш, Андаман и Никобар, ќе бидат префрлени во Џаму и Кашмир.
- Што носи новата регулатива? -
Со новата регулатива, за територијата на Џаму и Кашмир е предвидено да има законодавно тело со ограничени овластувања, додека Унијата Ладак нема да има парламент. Териториите на двете унии директно ќе бидат поврзани со централната власт.
Законите што ги има усвоено индискиот Парламент ќе важат и за двете унии. Џаму и Кашмир нема да има сопствен устав и знаме.
Кој било државјанин на Индија што ќе дојде на овие теротории, ќе може да купи земјиште во регионот, ќе може да биде на должност како државен службеник и ќе може да биде стипендиран и да користи други видови државна помош.
Поранешниот портпарол на Џаму и Кашмир, Џихангир Икбал, на оваа тема изјави дека новите вработувања ќе бидат извршени во согласност со законите кои важат на територијата на Индија раководена од страна на централната власт.
Икбал истакна дека со новата регулатива, кој било вработен во Џаму и Кашмир, ќе може да биде трансфериран во кое било друго подрачје раководено од централната индиска власт.
- Владата тврди дека ќе има економски просперитет -
Индиската Влада тврди дека со новото уредување, регионот ќе се интегрира со останатиот дел од земјата, што ќе овозможи подобрување и зголемување на просперитетот на населението.
Индискиот министер за внатрешни работи објави документ во кој се истакнува дека инвеститорите од приватниот сектор кои сакаат да купат земјиште, од денес на таа територија ќе можат да формираат производствени единици.
Додека се коментира дека немањето можност индустријалците да купат земјиште ја зголемува невработеноста во земјата, се посочува дека таквата состојба им дала доволно време на младите да учествуваат во нелегални активности.
- Укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир -
На 5 август е укината точката 370 од Уставот на Индија со која повеќе од половина век Џаму и Кашмир имаше привилегии, со што е укинат специјалниот статус на подрачјето и Џаму и Кашмир се поврза со централната власт, со што „Земјата на единство“ е поделена на две подрачја.
По одлуката, индиските безбедносни сили во Џаму и Кашмир ги зголемија безбедносните операции и ги интензивираа притисоците врз населението, а лидерите и членовите на партиите од регионот беа приведени.
Од прогласувањето на самостојноста во 1947 година досега, Џаму и Кашмир имаше привилегија да ги донесува своите закони. Овој специјален статус го опфаќаше и Законот за државјанство, со кој на странците не им се дозволуваше да се населуваат во регионот и да се стекнуваат со имот.