Gorana Jakovljevic
18 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
СФАКС (АА) - Секоја година илјадници африкански илегални мигранти доаѓаат во Тунис од каде со надеж за подобар живот, се обидуваат да стигнат во Европа преку Медитеранот, известува Анадолу.
Дел од мигрантите од субсахарските африкански земји преку градовите на Тунис успеваат да стигнат до Европа, но дел од нив ги губат своите животи во водите на Медитеранот.
Африканските нерегуларни имигранти, кои живеат во тешки услови во маслиновите шумите Амра во околината на тунискиот град Сфакс, се обидуваат да најдат начини илегално да заминат за Европа.