Muhammed Boztepe
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили во Тел Рифат, кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, неутрализираа шест терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ, меѓу кои и двајца таканаречени челници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во ова соопштение се вели дека во координација со Турската разузнавачка служба (МИТ), извршена е операција против терористите, кои се таканаречени високи челници, што се собрале во Тел Рифат.
Се нагласува дека во рамки на оваа операција неутрализирани се 6 терористи на ПКК/ЈПГ, меѓу кои и двајца челници.