Ruslan Rehimov
24 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
БАКУ (АА) – Еден азербејџански војник го загуби животот во отворен оган од страна на ерменските војници на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на Командата за државни гранични служби на Азербејџан се наведува дека ерменската Армија го нарушила прекинот на огнот, отворајќи оган во правец на селото Кушчу Ајрим од областа Газак.
Исто така во изјавата се наведува дека војникот Ибрахим Велиев од азербејџанската Армија го загубил животот во топовски оган на ерменската Армија.
„Азербејџанската Армија одговори на отворениот оган“, се истакнува во соопштението и се додава дека е убиен еден војник на ерменската Армија, а еден офицер е повреден.