Büşra Nur Bilgiç Çakmak
24 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус Ковид-19 во Италија се искачи на пет лица, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според италијанската новинска агенција АНСА (ANSA), од смртоносниот вирус заразени се 219 лица.
Најновите извештаи покажуваат дека Италија сега е трета земја во светот според случаите со коронавирус, по Кина и Јужна Кореја.
Најпогоден е регионот Ломбардија, во северна Италија, со пријавени 167 случаи со вирусот и четири смртни случаи.
Коронавирусот го вклучи глобалниот аларм со вкупно 2.592 смртни случаи во Кина и над 77.000 потврдени случаи на коронавирус.
Надвор од континентална Кина, коронавирусот Ковид-19 се прошири во над 25 други земји, меѓу кои и во САД, Велика Британија, Сингапур, Иран, Италија, Франција, Русија, Шпанија, Индија и други земји.
Светската здравствена организација (WHO) поради вирусот прогласи состојба на глобална опасност.