Ahmet Furkan Mercan
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и неговиот ирански колега Мухамед Џевад Зариф имаа телефонски разговор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Двајцата министри, според дипломатски извори, во разговорот се осврнале на новиот вид коронавирус „Ковид-19“.
Министерот Зариф во телефонскиот разговор изразил сочувство за лицата што ги загубија животите во Ван.
Од друга страна, сочувство до Чавушоглу за загинатите во Ван упатил и министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Конјуфца, со кого исто така Чавушоглу имал телефонски разговор.
Бројот на лица што ги загубија своите животи во Иран поради коронавирусот „Ковид-19“ се зголеми од 8 на 12, а бројот на заразени со вирусот е 47.
Поради коронавирусот граничните премини Агри/Гурбулак, Ван/Капикој, Хакари/Есендер, Игдир/Дилуџу помеѓу Турција и Иран привремено се затворени за сообраќај и премин на патници.
Исто така и „Туркиш ерлајнс“ (THY) одлучи да запре дел од своите летови за Иран до 27 февруари.