Bahtiyar Abdülkerimov
12 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ТАШКЕНТ (АА) - Узбекистан на 1 јануари 2023 година целосно ќе премине на латинична азбука, јавува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Узбекистан ја усвои одлуката која ја вклучува мапата на патот во врска со постепеното преминување на латинична азбука.
Според оваа одлука, од 1 јануари 2023 година активностите и официјалните преписки на сите институции и организации ќе се реализираат на латиница.
Исто така, сите медиумски органи, електронски медиуми, портали, печатници и издавачки куќи ќе ја користат латиничната азбука.
Од овој датум на латиница ќе бидат обработени сите документи за идентификации, како и имињата на улиците, институциите, таблите и рекламите.
Во овие рамки ќе се подготват и прифатат нови правила на правопис на латиница на узбечки јазик.
Официјалните преписки на ниво на државни институции сѐ уште се водат на кирилица, додека образованието се спроведува преку книги на латиница.