Gorana Jakovljevic
13 Декември 2022•Ажурирај: 14 Декември 2022
ЛАВОВ (АА) - Жителите на украинскиот град Лавов останаа во темница, а Русија продолжува со ракетните напади врз електричната мрежа во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на ноќта центарот на Лавов е во темница, уличните светла и семафорите не работат. Малите бизниси во овој украински град користат агрегати, додека цените на храната и енергијата вртоглаво растат поради војната во земјата.
Мобилните комуникации и интернет-конекциите не функционираат, а зимата со ниските температури претставува дополнителен проблем за граѓаните бидејќи немаат греење.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија се предизвикани од војната, а третина од електраните во земјата беа уништени во руските напади.
Енергетската инфраструктура на Украина е цел на руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари.