Yusuf Özcan
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
ПАРИЗ
Франција ќе основа агенција за борба против манипулациите од странство, насочени кон „дестабилизација на државата“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стефан Буилон, генерален секретар за одбрана и национална безбедност при Кабинетот на премиерот, во изјавата дадена во Националното собрание рече дека агенцијата што ќе се формира ќе ги започне своите активности во септември и дека во неа ќе се вработат приближно 60 лица.
Наведувајќи дека оваа агенција има за цел да се бори против манипулациите кои потекнуваат од странство, со цел да ја „дестабилизираат државата“, Буилон нагласи дека ќе бидат откриени нападите на интернет извршени од странство против Франција.
Тој истакна дека во оваа агенција нема да има разузнавачка активности, при што додаде дека ќе се фокусираат на иницијативите од странски земја или институции кои се насочени кон „дестабилизација на државата“.
Подвлекувајќи дека ќе бидат особено внимателни за време на изборите, Буилон рече дека Франција се подготвува за претседателските избори следната година и дека претходно имало обиди за мешање на изборите во земјата, а исто така и во САД.