БРИСЕЛ (АА) - Откако терористичката организација ЈПГ/ПКК во областа Мунбич во сириската покраина Алепо отвори оган врз цивилното население кое протестира и уби 8 лица, Питер Стано, портпарол на Комисијата на Европската Унија, рече дека ЕУ е загрижена опоради небезбедната средина во тој дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА)
Стано одговори на прашањата на АА во врска со демонстрантите кои ги загубија своите животи на протестите во Мунбич.
„Во ЕУ продолжува загриженоста за постојаната несигурност на североистокот на Сирија. ЕУ го повторува својот повик до сите актери да спроведат национален прекин на огнот во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“, рече портпаролот Стано.
Нагласувајќи дека ЕУ ги повикува сите страни во сириската криза да го почитуваат Меѓународното хуманитарно право, Стано додаде:
„Ова ја вклучува и должноста за заштита на цивилите. ЕУ смета дека за какво било кршење на Меѓународното хуманитарно право и Законот за човекови права од која било страна во конфликтот во Сирија мора да се одговара. Барањата на сириските етнички и верски малцинства се спроведувањето на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН и затоа иднината на Сирија треба да биде земена предвид како што е потребно.“
Стано исто така додаде дека само политичко решение под покровителство на ОН и под водство на Сиријците може да стави крај на кризата во Сирија.
- Што се случува во Мунбич?
Жителите на Мунбич, каде што Арапите сочинуваат 90 отсто од населението, од понеделникот протестираат против присилното регрутирање на нивните деца.
Во понеделникот стотици луѓе се собраа во центарот на Мунбич и околните населени места во знак на протест против терористичката организација.
Еден цивил загина, а тројца беа повредени кога терористите отворија оган врз луѓето кои протестираа против присилното регрутирање.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК наметнува задолжителен „воен рок“ за девојчиња и момчиња родени помеѓу 1990 и 2003 година. Присилно регрутира арапски деца и тинејџери во неколку области, меѓу кои и Мунбич, Ајн ал Араб (Кобани), Камишли, Маликија, Хасека, Рака и Деир ез-Зор.
- И покрај договорите, Мунбич е окупиран од терористичката организација -
Областа Мунбич во Алепо е окупирана од ЈПГ/ПКК од август 2016 година. САД ветија дека припадниците на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат Мунбич откако градот ќе биде исчистен од ДЕАШ.
Администрацијата на Вашингтон не ја исполни својата обврска. Турција и САД се согласија за Мапата на патот на Мунбич во јуни 2018 година, но не можеше да се заврши поради неинтересот на САД.
Русија исто така се обврза на отстранување на терористичката организација од Мунбич со договорот што го постигна со Турција во октомври 2019 година за време на операцијата „Извор на мирот“.
И покрај тоа, ЈПГ/ПКК ја продолжува својата окупација во областа. Таа, исто така, продолжува со обидите да се инфилтрира во фронтовите на Сириската национална војска (СНВ) и од своите позиции со артилерија и ракети ги напаѓа цивилните населби.
news_share_descriptionsubscription_contact
