Emre Aytekin
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
АНКАРА - Во светот досега се администрирани 2 милијарди и 20 милиони дози вакцини против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави интернет-страницата „Ourworldindata.org“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со вакцинацијата во земјите од светот, Кина со 704.830.000 е земја со најголем број администрирани вакцини во светот. По Кина следуваат САД со 296.910.000, Индија со 221.40.000, Бразил со 68.920.000, Велика Британија со 65.660.000, Германија со 52.780.000, Франција со 37.450.000, Италија со 35.820.000, Мексико со 31.810.000, Русија со 29.790.000, Турција со 29.682.000, Индонезија со 27.620.000, Шпанија со 27.610.000, Канада 24.520.000 и Полска со 21.170.000.
Сејшели е земја со најголем број на администрирани дози вакцини на 100 лица според популацијата на земјата. На Сејшели, бројот на администрирани дози вакцини изнесува 136,74 на 100 лица, со што се надминува бројот на населението на земјата со бројот на администрирани дози вакцини.
По Сејшели следуваат Обединетите Арапски Емирати со 132,11 администрирани дози на 100 жители, Сан Марино со 126,51, Израел со 122,33, Малта со 119,72, Бахреин со 104,32, Чиле со 98,84, Монголија со 98,65, Велика Британија со 96,72, Унгарија со 92,15, Катар со 90,26, САД со 88,78, Малдиви со 88,41, Уругвај со 83,75, Монако со 76,52, Исланд со 75,85 и Грчката администрација Јужен Кипар со 71,01.
Вакцините за Ковид-19 кои до денес се користат или пак се дозволени за употреба во итни случаи, се даваат во две дози со потребата од изминување на период за аплицирање на втората доза, освен една од нив. Затоа, бројката на дадени дози не се совпаѓа со бројката на вакцинирани лица.
Според интернет-страницата „Worldometers“, досега на светско ниво Ковид-19 е детектиран кај 172.509.624 лица, од кои животот го загубија 3.708.489, а оздравеа 155.163.434 заразени.
Во светот во моментов од коронавирусот се лекуваат 13.637.701 лице заразени со Ковид-10, од кои 89.652 се во тешка здравствена состојба.