Şahin Demir
06 Октомври 2026•Ажурирано: 06 Октомври 2026
Хусите во Јемен денес ја презедоа одговорноста за нападот со балистички ракети врз меѓународниот аеродром „Абха“ во Југозападна Саудиска Арабија, пренесува Анадолу.
Портпаролот на војската на Хусите, Јахја Сари, преку соопштение истакна дека ракетата директно го погодила аеродромот и го прекинала воздушниот сообраќај.
Тој ги предупреди меѓународните авиокомпании да не спроведуваат летови низ саудискиот воздушен простор, тврдејќи дека тој станал област за воени операции на Хусите.
Сари рече дека силите на Хусите истрелале неколку балистички ракети кон она што тој го опиша како концентрации на саудиска војска во кампот Ал-Дагарир во Џазан во Југозападна Саудиска Арабија. Тој тврди дека нападите предизвикале десетици жртви меѓу саудиските сили.
Нема непосреден коментар од Саудиска Арабија за тврдењата на Хусите.