Kasım İleri
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) потпишаа договор со компанијата од одбранбената индустрија „Лукхид Мартин“ за учество на Јапонија во програмата за воените авиони Ф-35, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека е потпишан договор во висина од 23.018.589 долари со компанијата „Лукхид Мартин Аеронаутикс“ од Тексас.
„Овој договор предвидува интеграција на странска земја во програмата за производство на воените авиони Ф-35, модификации, логистика и нивно одржување“, се вели во соопштението.
Во соопштението во кое се вели дека станува збор за Јапонија, се наведува дека договорот ќе биде завршен во март 2025 година, а цената на договорот ја покрива Јапонија.
Јапонија влезе во преговори со САД за купување на сериите Ф-35А и Ф-35Б во вредност од 23 милијарди долари.
Откако учеството на Турција во програмата Ф-35 беше суспендирано во јули 2019 година, во програмата останаа 8 земји учеснички.