Abdulkadir Karakaya
24 Јуни 2020•Ажурирано: 25 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Берлинскиот маратон, кој се одржува во германската престолнина од 1974 година, оваа година е откажан поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението објавено на веб-страницата на организаторите се потсетува дека маратонот, што требаше да се одржи на 26 и 27 септември, претходно беше пролонгиран.
Со оглед на фактот што во Германија е забрането одржување на активности од големи размери до крајот на октомври, овогодишниот маратон е откажан со оглед на тоа што нема да може дополнително да се одржи.