Yunus Kaymaz
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Бразилскиот фудбалер Роналдињo ја заврши својата фудбалска кариера, јавува Anadolu Agency (AA).
Роберто Асис, брат и менаџер на Роналдињо, потврди дека Роналдињо стави крај на својата фудбалска кариера.
Роберто Асис нагласи дека во Бразил, Европа и во Азија на ниво на репрезентации ќе се организираат различни активности за 37-годишната фудбалска ѕвезда.
Роналдињо за време на својата кариера го носеше дресот на Париз Сен Жермен, Барселона и Милан, а потоа својата кариера ја продолжи во Бразил. Тој од 2015 година не игра на натпревари.
Роналдињо го освои Светското првенство во 2002 година со репрезентацијата на Бразил и Лигата на шампионите УЕФА во 2006 година со Барселона.
Тој ја освои Златната Топка во 2005 година.