Hüseyin Burak Demirer
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - На натпреварот меѓу Чикаго Булс и Мајами Хит од американската кошаркарски лига (НБА) која заврши со победа на Булс со 119:111, руки-играчот (играч кој ја игра првата сезоан во НБА) Лаури Маркканен стана играч која за најкус временски период успеал да стигне до бројката од 100 тројки, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се играа 11 натпревари од НБА лигата. Чикаго Булс како домаќин го совлада Мајами Хит со резултат 119:111 и ја прекина серијата од седум последователни победи на Хитс.
Лаури Маркканен (20) кој ја игра својата прва сезона во Булс и НБА, во 41 натпревар успеа да постигне 101 погодок од три поени и стана првиот играч во историјата на НБА кој до таа бројка стигнал за најкраток временски период. Претходниот носител на рекордот беше Дејмијан Лилард, на кој тоа му успеа на 44 натпревари.
На овој натпревар, Маркканен постигна 17 поени, 9 скока, Џастин Холидеј постигна 25 поени, додека Зек Лавин и Никола Миротиќ постигнаа по 18 поени.
Во редовите на Мајами Хит, Горан Грагиќ со 22 поени, 9 асистенции и 5 скока, Кели Олиник 21 поен и 8 асистенции и Вејн Елингтон со 20 поени не успеаја да го спречат поразот.
Вориорс победник во дуелот на финалистите
Последните три сезони финалето на НБА го играат Кливленд Кавалиерс и Голден Стејт Вориорс. Во понеделничниот дуел победата ја извојува екипата на Вориорс со резултат 118:108.
Најголем придонес во победата на Вориорс дадоа Кевин Дурант со 32 поени, 8 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки, Стефан Кери со 23 поени и 8 асистенции, Дејмонд Грин постигнувајќи дабл-дабл со 11 поени, 16 скока и 9 асистенции и Клеј Томсон со 17 поени.
Ова е четврти пораз по ред на Кавалиерс, а најефикасен во редовите на Кливленд беше Леброн Џејмс со 32 поени, 8 скока, 6 асистенции, 4 блокади и 3 украдени топки. Ајзеја Томас успеа да постигне 19 поени, додека Кевин Лав имаше скор од 17 поени и 7 скока.
Резултати:
1. Детроит Пистонс-Шарлот Хорнетс 107:118
2. Филаделфија '76-Торонто Рептилс 117:111
3. Вашингтон Визардс-Милвоки Бакс 95:104
4. Атланта Хоукс-Сан Антониот Спарс 102:99
5. Бруклин Нетс-Њујорк Никс 104:119
6. Чикаго Булс-Мајами Хитс 119:111
7. Мемфис Гризлис-Лос Анџелес Лејкерс 123-114
8. Кливленд Кавалирс-Голден Стејт Вориорс 108:118
9. Оклахома Сити Тандерс-Сакраменто Кингс 95:88
10. Јута Џез-Индијана Пејсерс 94:109
11. Лос Анџелес Клиперс-Хјустон Рокетс 113:102
За вечерва се закажани 4 натпревари од НБА лигата:
1. Минесота Тимбервулвс - Орландо Меџик
2. Њу Орлеанс Пеликанс - Бостон Селтикс
3. Далас Маверикс - Денвер Нагетс
4. Феникс Санс - Портланд Трејлблејзерс