Yunus Kaymaz
11 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
ДОХА (АА) - Селекторот на Мароко, Валид Реграги, го опиша својот тим како „Роки Балбоа“ на Светското првенство, откако забележа историска победа над Португалија синоќа и стана првиот африкански тим што стигнал до полуфиналето на ова натпреварување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Селекторот потсети дека неговите играчи ја зедоа победата против Белгија, Шпанија и Португалија, со духот на легендарниот филмски лик, боксерот Роки Балбоа, чија улога ја толкува актерот Силвестер Сталоне.
„Ги направивме нашиот народ и нашиот континент толку среќни и горди. Кога го гледате Роки, сакате да го поддржите Роки Балбоа и мислам дека ние сме Роки на ова светско првенство. Мислам дека сега светот е покрај Мароко“, рече Реграги на прес-конференцијата откако неговиот тим ја победи Португалија со резултат 1:0 во четвртфиналето.
Реграги истакна дека неговиот тим покажал како е можно африкански тим да игра во полуфиналето на Светското првенство.