Doğa Kırmızıoğlu
11 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Ерик тен Хаг, тренерот на Манчестер Јунајтед, еден од тимовите на англиската премиерлига, ги демантираше гласините дека ѕвездата Кристијано Роналдо ќе го напушти тимот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата споделена на веб-страницата на клубот, холандскиот тренер истакна дека 37-годишниот Роналдо и следната година ќе настапува за екипата.
„Причината зошто тој не е со нас во моментов се лични работи. Кристијано Роналдо се наоѓа во нашите планови за оваа сезона“, рече Ерик тен Хаг.
Истакнувајќи дека Португалецот Роналдо е значаен фудбалер за Манчестер Јунајтед, Тен Хаг нагласи: „Со нетрпение очекувам да работам со него. Роналдо не е на продажба. Ќе биде во екипата и ќе постигнеме голем успех со него.“
Се наведуваше дека Роналдо, кој не присуствуваше на подготовките на Манчестер Јунајтед во Тајланд, сакал да го напушти англискиот клуб. Роналдо ги продолжи подготовките со репрезентацијата на Португалија.
Враќајќи се во својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, по неговите искуства со Реал Мадрид и Јувентус, Роналдо минатата сезона постигна 24 гола на вкупно 37 натпревари.