Barış Seçkin
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
РИМ (АА) - Јувентус, една од екипите на италијанската прва фудбалска лига (Серија А), соопшти дека францускиот играч Пол Погба ќе игра за нивната екипа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Црно-белиот клуб го соопшти трансферот на 29-годишниот француски играч, со зборовите „Пол Погба се врати“.
Клубот соопшти дека договорот со Погба ќе трае до 30 јуни 2026 година и дека францускиот фудбалер ќе го носи дресот со број 10.
„Пол се врати во Торино. Замина како млад, се врати како возрасен човек и шампион. Но има едно нешто што не е променето, а тоа е неговата желба уште еднаш заедно да ги испише незаборавните страници од историјата на клубот“, се вели во соопштението на Јувентус.
Погба за Јувентус играше во периодот 2012-2016 година и за тоа време освои 4 шампионски титули во Серија А, 2 Купа на Италија и 3 Суперкупа на Италија.