Muhammed Enes Çallı
10 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот фудбалски великан Галатасарај го донесе Серхио Оливеира од екипата на Порто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Галатасарај објави дека Оливеира потпишал четиригодишен договор.
Во соопштението на клубот од Истанбул се наведува дека португалскиот играч за врска ќе заработува 2,75 милиони евра по сезона.
30-годишниот фудбалер играше за неколку европски клубови, меѓу кои и Пакос Фереира, Рома, ПАОК и Нант. За португалската репрезентација забележа 13 настапи. Играше и за младите селекции на својата земја.