Hüseyin Burak Demirer
08 Јули 2022•Ажурирај: 09 Јули 2022
АНКАРА - Викендов на програмата е 11. трка од Шампионатот во Формула 1, трката за Големата награда на Австрија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На патеката „Ред Бул“, во близина на градот Шпилберг, долга 4.318 метри, в недела ќе се вози трката за Големата награда на Австрија, 11. трка сезонава.
Денес со почеток во 17:00 часот на програмата се квалификациите со кои ќе се одредат полпозициите за неделната трка.
Во сабота со почеток во 16:30 часот стартува спринт трката. Возачите кои ќе ги освојат првите осум места на оваа трка ќе добијат од 8 до 1 бод според освоеното место.
Трката за Големата награда на Австрија е закажана за недела, 10 јули, со почеток во 15:00 часот, а возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози дадените 71 круг.
Во досегашниот тек од Шампионатот во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, извојува шест победи, Шарл Леклер од Ферари победи на две трки, а Серхио Перез (Ред Бул) и Карлос Саинс (Ферари) извојуваа по една победа.
Пласманот на првите пет возачи и тимови според освоените поени на досегашните десет трки:
- Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 181 поен
2. Серхио Перез (Мексико): 147 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 138 поени
4. Карлос Саинс (Шпанија): 127 поени
5. Џорџ Расел (Велика Британија): 111 поени
- Тимови
1. Ред Бул: 328 поени
2. Ферари: 265 поени
3. Мерцедес: 204 поени
4. Мекларен: 73 поени
5. Алпин: 67 поени