Doğa Kırmızıoğlu
08 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
АНКАРА - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, поради повреда се повлече од полуфиналето во машка поединечна конкуренција на Вимблдон, третиот гренд слем турнир сезонава, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението кое го објави организаторот на Вимблдон се вели дека по извршената контрола, кај 36-годишниот тенисер е откриен скинат мускул во пределот на стомакот и нема да може да продолжи да се натпреварува на турнирот.
Австралијанецот Ник Кириос, 40. тенисер на светската АТП-листа, поради повлекувањето на Надал, вториот носител на турнирот, избори директен пласман во финалето на Вимблдон.
Во финалето закажано за 10 јули, недела, Кириос ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ, првиот носител на турнирот и деветтиот носител на Вимблдон, Британецот Камерон Нори.
Во четвртфиналето на Вимблдон, Надал, и покрај повредата на стомачните мускули, го продолжи мечот и успеа да го совлада Американецот Тејлор Фриц, 11. носител на турнирот со 3:2 во сетови и избори пласман во полуфиналето.
Надал имаше добар почеток сезонава, освојувајќи ги гренд слем турнирите Австралија опен и Франција опен. Шпанскиот тенисер кој во својата кариера на двапати извојува победа на Вимблдон, е единствен тенисер со освоени 22 гренд слем титули во машка конкуренција.
За Ник Кириос ова е прв пласман во финалето на еден гренд слем турнир.