Aybala Arpacı
12 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 28 припадници на терористичката организација ДАЕШ се убиени во текот на синоќешните акции на северот од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека се откриени позиции на терористичката организација ДАЕШ во регионите Чарис, Jахмул и Кафра, северно од Алепо
Во текот на ноќта, па сè до утринските часови изведени се напади на позициите на ДАЕШ со топови и повеќецевни фрлачи на ракети. Во текот на нападот убиени се 14 припадници на ДАЕШ.
Од друга страна, авионите на коалициските сили ги бомбардираа сириските региони Кафра, Џариз, Тилалајан и Дабик, а станува збор за позиции на ДАЕШ откриени од страна на Вооружените сили на Турција.
Во воздушните напади на овој регион убиени се, исто така, 14 терористи, а уништени се и поедини објекти кои ги користеле терористите.