Merve Aydoğan
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Во Турција започнува нова ера на урбано планирање со трансформација на старите стадиони и аеродроми во градини за луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека во пресрет на отворањето на новиот аеродром во Истанбул, аердоромот „Ататурк“ во западниот дел од пристаништниот град ќе биде трансформиран во градина од 12 милиони метри квадратни.
Зборувајќи во телевизиско интервју, турскиот претседател изјави: „Наместо 12 милиони метри квадратни од аеродромот „Ататурк“, таму ќе има градина за луѓето“.
„Ова е четири пати поголемо од Централниот парк. Ние планираме да го имплементираме овој проект во сите наши области. Исто така, и тркачката патека во Анкара ќе ја трансформираме во градина“, рече турскиот претседател.
Ердоган во друго интервју изјави дека моменталната зграда на терминалот на аеродромот може да се искористи како сајмиште или музеј, додавајќи: „Проектите ќе бидат направени според нашите потреби“.
Со новата џиновска градина на местото на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, турскиот претседател тврди дека семејствата ќе добијат шанса да поминат време во природа.
Според податоците на Светскиот форум за култура на градовите од 2015 година, процентот на зелени јавни површини во Истанбул изнесувал 2,2. Во 2016 година, од Кабинетот на гувернерот на Истанбул објавија дека Истанбул има 45,25 отсто шумски предели.
Владата останува посветена кон продолжување на напорите за создавање на позелена Турција.
Во септември 2017 година, министерот за шумарство и водостопанство, Вејсел Ероглу, рече: „Ние ќе ја завршиме оваа година со садење 350 милиони дрвја“.
Вкупниот број дрвја што ги засадивме минатата година (2016) изнесуваше 3 милијарди и 750 милиони. Ние ќе направиме рекорд оваа година со садење вкупно 4 милијарди дрвја.
Турскиот претседател рече дека градината во аеродромот „Ататурк“ ќе биде многу поголема од Централниот парк во Њујорк и Хајд Парк во Лондон.
Ердоган рече дека освен аеродромот „Ататурк“, областите Башакшехир, Маслак, Пендик и Бакиркој во Истанбул, ќе бидат исто така трансформирани во зелен простор заедно со Културниот центар „Ататурк“ во Анкара.
„Ние направивме нов стадион за Ескишехир, како што знаете, и стариот стадион сега се трансформира во градина за луѓето. Исто така и во Бурса стариот стадион се трансформира во градина. Слично и во Трабзон. Речиси ги направивме сите“, додаде Ердоган.
Ердоган претходно рече дека релевантните институции работат на проектот и имаат за цел да го развиваат и понатаму.