Nilay Kar
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Германија издаде налог за претрес на еден од најбараните луѓе на Турција, осомничениот за обидот за државен удар во Турција, Адил Оксуз, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи во јужната област Анталија, Чавушоглу рече: „Стапивме во контакт, Германија издаде налог за претрес на Адил Оксуз.“
„Она што Германија ќе го направи по пронаоѓањето [на Адил Оксуз] е да ни го предаде нам во рамките на договорите и законот.“
Оксуз, професор по теологија, обвинет за планирање на обидот за државниот удар, изведен на 15 јули 2016 година во Турција, е во бегство речиси две години.
„Оксуз престојува во еден мал стан во Берлин, под заштита на припадници на терористичката организација ФЕТО“, изјавија сведоци за АА.
Репортерите на АА пронајдоа стан во центарот на Берлин, користен од страна на Оксуз и од други припадници на ФЕТО, по бегањето од Турција, по неуспешниот обид за државен удар.
„Али А., турски бизнисмен од Берлин, осомничен за поврзаност со ФЕТО, обезбедувал финансиска поддршка за групата за изнајмување на станот во берлинската област Нојкелн“, изјавија очевидци за АА.
Турските власти постојано апелираа до германските власти да го уапсат и да го екстрадираат Оксуз, откако добија десетици наводи кои покажуваа дека главниот осомничен за обидот за државен удар се крие во Германија.
Во Германија, каде што живеат повеќе од 3 милиони турски имигранти, терористичката организација ФЕТО има голема мрежа со десетици приватни училишта, бизниси и медиумски организации.