Elena Trenchevska Chekovic
10 Септември 2025•Ажурирај: 11 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Синоќа Истанбул беше сведок на несекојдневна небесна глетка на полната месечина над препознатливите симболи на градот – величествената Галата кула и импресивната џамија Чамлиџа, јавува Анадолу.
Месечината полека се издигна од хоризонтот и создаде волшебна сцена како од бајка. Контрастот меѓу старото и новото – историската Галата кула и новата џамија Чамлиџа – уште повеќе го истакнува уникатниот шарм на градот што лежи на два континента.
Мајсторската композиција на природата и архитектурата е уште еден од моментите поради кои ентузијастите и фотографите ја посетуваат турската метропола Истанбул.