İzzet Mazı
14 Февруари 2023•Ажурирај: 15 Февруари 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Под урнатините на зграда во Кахраманмараш, на деветтиот ден од потрагата и спасувањето, извлечени се живи браќата Мухамед и Баки Јенинар, јавува Анадолу.
На деветтиот ден од потрагата и спасувањето, или 198 часа по првиот разорен земјотрес, спасувачките екипи од под урнатините ги извлекоа 17-годишниот Мухамед Енес Јенинар и неговиот постар брат, 21-годишниот Баки Јенинар.
Браќата, по спасувањето се пренесени во болница.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.