Özcan Yıldırım
04 Септември 2022•Ажурирај: 05 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека уште 12 бродови со жито испловиле од украинските пристаништа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека продолжува испораката на жито од украинските пристаништа под контрола на Заедничкиот координативен центар во Истанбул. Утринава уште 12 бродови натоварени со жито ги напуштиле украинските пристаништа.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море што беа блокирани по почетокот на војната меѓу Русија и Украина.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со претставници од трите земји и ОН кои ги надгледуваат испораките.
Откако првиот брод, според договорот, ја напушти Украина на 1 август, досега над 70 бродови со повеќе од милион тони земјоделски производи испловија од украинските пристаништа.