Kaan Bozdoğan
20 Јуни 2025•Ажурирај: 21 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул го прими ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој допатува во работна посета на Турција, јавува Анадолу.
Ердоган го пречека Пашинјан со официјална церемонија во палатата Долмабахче во Истанбул.
По церемонијата, Ердоган и Пашинјан ги претставија своите делегации и влегоа на состанок.
На приемот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.