Zafer Fatih Beyaz
27 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
МОСКВА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, допатува во Москва, Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган на Меѓународниот аеродром „Јуковски“ го дочекаа официјалните претставници на Министерството за надворешни работи на Русија, амбасадорот на Турција во Москва, Мехмет Самсар, и други официјални претставници.
Во посета на Русија со Ердоган допатуваа министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, шефот на Одделот за комуникации, Фахретин Алтун, и портпаролот на Канцеларијата на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Ердоган за време на еднодневната работна посета ќе присуствува и на отворањето на MAKС-2019, Меѓународниот саем за авијација и вселенски истражувања.
Планирано е Ердоган да се состане со рускиот колега Владимир Путин, а прес-конференцијата да биде одржана по средбата на делегациите.
Двајцата лидери би требало да разговараат за сите аспекти на турско-руските односи, за случувањата во Сирија и за регионалните и меѓународни прашања.