Diyar Güldoğan
20 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ќе престојува во еднодневна посета на Унгарија за да присуствува на прославата по повод денот на основањето на земјата, јавува Анадолу.
На покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Ердоган ќе присуствува и на Светското првенство во атлетика во Будимпешта, соопштено е од Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство.
За време на посетата Ердоган и Орбан ќе разговараат за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања.
Се очекува Ердоган да одржи разговори и со други колеги, како и со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе учествува на прославата, се додава во соопштението.
Односите меѓу Туркије и Унгарија беа издигнати на ниво на стратешко партнерство во 2013 година по формирањето на Советот за стратешка соработка на високо ниво. Пријателските односи последните години се унапредија на секое поле.