Özgür Alantor
23 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
КАСТАМОНУ (AA) - Видиковецот над еден од најдлабоките кањони на светот во областа Кастамону на северот на Турција, свечено е отворен за сè поголемиот број посетители што доаѓаат на тоа подрачје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терасата за разгледување е отворена на подрачјето Пинарбас во рамките на проектот на Регионалната управа за заштита на природата и националните паркови (DKMP).

Благодарејќи на трокатната тераса за разгледување изградена во делот на Националниот парк на планината Куре, што се наоѓа во границите на Пинарбас, можете да го видите влезниот дел од кањонот Вала, како и планината.
Гувернерот на Кастамону, Јашар Карадениз, по отворањето на терасата рече дека се работи за место од каде што може да се почувствува адреналин.
„За оние што сакаат авантуристички спортови, кањонот Вала е атрактивно место. Исто така, ќе биде атрактивно за љубителите на природата“, рече Карадениз.

Со новите вложувања во тоа подрачје сметаат дека ќе привлечат што поголем број туристи.
Дистриктот Пинарбаси има два кањона кои имаат огромен потенцијал поради своите природни убавини, атракција и погодности за спортови во природа, како што е планинарење и качување.