АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во земјотресот што се случи на турско-иранската граница загинаа 9 граѓани на Турција, додека повредени се 37 граѓани, од кои 9 се во критична состојба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коџа го потврди тоа преку соопштение објавено на неговиот твитер-профил.
Тој нагласи дека во земјотресот било погодено подрачјето на Башкале во Ван.
„Загинаа 9, а повредени се 37 наши граѓани. На местото на настанот веднаш беа упатени 25 амбулантни возила, 1 амбулантен хеликоптер и 13 тимови на УМКЕ. Вложуваме секаков напор за повредените лица, од кои 9 се наоѓаат во критична состојба“, напиша Коџа.
Турскиот министер за здравство соопшти дека останатите повредени се надвор од животна опасност.
Коџа посака милост од Бога за загинатите, додека на повредените им посака брзо заздравување.