Mehmet Yavaş
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Кај местото Ајваџик, во турската област Чанаккале, фатени се 112 мигранти кои по илегален пат се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека жандармериските екипи утврдиле оти група мигранти дошле на брегот кај Коруоба. Во споменатата акција се фатени мигранти со потекло од Сирија, Гамбија, Сенегал, Мали, Сомалија, Конго, Куба и од Ангола.
На мигрантите кои подолг временски период биле без вода и храна им е укажана помош, а потоа тие се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.