Seda Sevencan
09 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - На двajца припадници на полицијата во бегство, обвинети за членство во терористичката организација ФЕТО, им е одредена мерка притвор во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката е донесена откако двајцата поранешни полициски началници, Џемил Џејлан и Хусрев Салманер, беа приведени во истовремени операции на две адреси од страна на полицијата во Анкара, откако е утврдено дека се криеле во т.н безбедни куќи во Анкара и ги продолжувале активностите во корист на терористичката организација ФЕТО.
За време на операциите се запленети голем број документи, компјутери и мобилни телефони.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, со седиште во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државнот поредок преку инфилтрирање на нејзини поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.