Gizem Nisa Çebi Demir
29 Септември 2026•Ажурирано: 29 Септември 2026
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека се сретнал со високи претставници на Обединетите Арапски Емирати, при што разговорите биле фокусирани на билатералните односи и регионалните прашања, пренесува Анадолу.
„Ова беше исклучително продуктивна посета во поглед на разгледувањето на односите меѓу нашите земји и оценувањето на проблемите со кои се соочува нашиот регион“, напиша Фидан во објава на американската платформа за социјални медиуми Х.
Тој истакна дека во ОАЕ отпатувал веднаш по учеството на настаните одржани на маргините на 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк.
Во Абу Даби, Фидан беше примен од претседателот на ОАЕ, шеикот Мухамед бин Зајед aл Нахјан. Тој, исто така, одржа средби со потпретседателот на ОАЕ, шеикот Мансур бин Зајед aл Нахјан, и советникот за национална безбедност, шеикот Тахнун бин Зајед aл Нахјан.
„Турција ќе продолжи да ја зајакнува регионалната солидарност и да одржува дипломатски контакти за мирот и просперитетот на нашиот регион“, додаде тој.