Agim Sulaj
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ПРИШТИНА (AA) – Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека вкупната бројка на заразени со коронавирусот изнесува 19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт од 08.02.2020 до 17.03.2020 тестирани се 284 лица од кои 19 се позитивни.
„Денес на 17.03.2020 година, потврдени се уште два позитивни случаи на коронавирусот. Случаите се од општина Ѓаковица, вратени од Дизелдорф од Германија, едно машко лице на возраст од 54 години и една жена од 49 години", соопшти Националниот институт за јавно здравје.
Се додава дека Националиот институт за јавно здравје на Косово внимателно ја следи епидемиолошката ситуација со Ковид-19, мониторирајќи ги сите случаи на контакти како и оние препорачани за самоизолација.
Министерот за здравство на Косово Арбен Витиа соопшти дека Светската здравствена организација и Светската банкаќе му помогнат на Косово со 15 милиони евра во борбата против коронавирусот.
Косовскиот министер за здравство рече дека Владата на Косово префрлила 6 милиони евра за моментално користење од 10 милиони евра кои се наменети за спроведување на активностите опфатени со акцискиот план против коронавирусот.
Во Косово првиот случај на заразување се појави на 13 март.