Agim Sulaj
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во Косово почина еден пациент како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 653, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 137 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 16.891.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 869 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 80.058 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 14.666 лица. Моментално има 1.572 активни случаи.