Admir Fazlagic
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 428 случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во овој вирус во земјата се искачи на 23.628, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 10 лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 834.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од Ковид-19 , а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 17.239, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на овој вирус.