Gökhan Kurtaran
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич Рејтингс“ (Fitch Ratings) предупреди дека интензивирањето на трговската војна започната со воведување на американските царини, светската економија би можело да ја чини и 2 трилиона долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение на „Фич Рејтингс“ се наведува дека преземањето на еднострани мерки од сите страни на меѓународниот пазар доведува до раст на ризикот и до почувствителни влијанија на глобалната економија.
Потсетувајќи дека САД воведоа царини од 25 отсто на автомобилите увезени од Кина, и дека Кина и другите американски трговски партнери возвратиле со реципрочни мерки, во соопштението на „Фич Рејтингс“ се наведува дека моментално се подготвува сценарио на рушење на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA), а што на крајот би можело глобалната трговија да ја чини и до 2 трилиона долари.
Тензиите на глобалната трговска сцена ги предизвикаа одлуките на американскиот претседател Доналд Трамп, кој со воведувањето на царините и другите даноци сака да го намали трговскиот дефицит на САД со Кина, ЕУ, Канада и Мексико. Американските царини, во прв ред, се однесуваат на алуминиумот, челикот и на производите од автоиндустријата. Другите страни возвратија со воведување и најави за нови царини на американските производи.